ЛИ-ЈО Текс ДОО Вратница е компанија за производство, трговија и услуги од текстилната индустрија. Со работа отпочна во 2002 година, како нова фирма, и се вбројува помеѓу поуспешните компании во Македонија.
Со задоволство можеме да истакнеме дека десетгодишниот план кој беше зацртан при формирањето на ЛИ-ЈО Текс е остварен во целост, а понатаму продолжуваме со уште посилно темпо.
Во 2010 година ЛИ-ЈО Текс се збогати со уште еден производствен погон, сместен во просториите на конфекцијата ЕДТКО во Тетово. Со ова проширување, капацитетот за производство на ЛИ-ЈО Текс е зголемен двојно.
Во иднина не очекуваат многу предизвици и многу залагања, но свесни сме дека мораме да му се препуштиме на успехот, бидејќи нашиот успех е успех на сите и затоа нашето мото гласи:
Бидете пред времето, соработувајте со нас за да ви биде подобра иднината.